До стартот на Европското првенство и нашиот прв меч има 13 дена и размислуваме што може, и што треба да ни помогне да славиме со Словенија што потоа ќе ни овозможи лесно продолжение. Крилото Гоце Георгиевски смета дека акумулираното од претходните големи настани може да биде пресудно.
„Ние сме селекција која веќе долго е заедно и добро се знаеме. Искуството што го имаме може да ни помогне, прво да ја минеме групата Ц, а потоа да направиме и голем резултат. Се е во нијансите, до формата, ритамот, денот, но убеден сум дека сме зрели за добар настап“ вели крилото.
По двата дена одмор утре се враќаме на тренинзи, а на 4 и 5 во Белград имаме пријателски со Саудиска Арабија и Србија. Потоа се враќаме дома, па одиме во Загреб на Европското. На 13 јануари не очекува Словенија, два дена подоцна Црна Гора, а на 17 јануари играме со Германија. Ако бидеме меѓу првите три ќе имаме минимум уште три натпревари во втората групната фаза на шампионатот од кој потајно очекуваме многу.




