Колективниот отпор во Слупчане кон екипите за интервенции на ЕВН се’ уште трае, додека во Арачиново работите се движат тековно, информираат од компанијата.
Од ЕВН посочуваат дека имаат и индивидуални отпори при постапување на нивните вработени, а овие случаи како во Слупчане се ретки.
Посочуваат дека сите вакви ситуации успешно ги надминуваат на речиси сите локации на кои има отпор има и кражби на струја.
„Индивидуалните кражби секогаш се утврдуваат на терен, односно на самото место и се пријавуваат во МВР“, велат од ЕВН за „Макфакс“, а на прашањето дали имаат асистенција од полицијата во Слупчане, тие додаваат: „Континуирано го известуваме МВР и добиваме одлична поддршка. Министерот е лично ангажиран за брзо изнаоѓање решенија во вакви ситуации“.
„Континуирано го известуваме МВР и добиваме одлична поддршка. Министерот е лично ангажиран за брзо изнаоѓање решенија во вакви ситуации“, гласи последната информација од ЕВН за работењето во Арачиново.
Од таму додаваат дека имаат и поддршка од градоначалникот на Арачиново и дека проектот со интервенцијата во мрежата ќе биде успешна приказна по која „загубите на електрична енергија ќе бидат само 10 отсто“.
Од компанијата посочуваат дека успешни проекти се веќе спроведени или се спроведуваат во најголемиот дел од Липковскиот Регион, Арачиново, Грчец и други локации во општина Сарај, Визбегово, Сингелиќ, Равен, Гостивар, Прилеп, Битола.







