Според стапката на невработеност на млади лица од 53,9 проценти, Македонија се наоѓа на четвртото место во светот меѓу 135 земји опфатени со рангирањето.
Неприкосновено прва во овој поглед е Босна и Херцеговина со дури 62 отсто невработени млади лица, второто место го делат Грција и Косово со по 55,3 отсто, а зад Македонија се Шпанија со 53,2 отсто, Јужноафриканска Република со 51,5 отсто, Србија со 51,1 отсто, Хрватска со 43,1 отсто, Тунис со 42,3 отсто итн.





