Министерот за здравство Фатмир Меџити по повод 100 дена од стапувањето на министерската функција рече дека проектот за Клиничкиот центар бил негов приоритет.
„Тоа е многу добар капитален проект и треба да се среди еднаш засекогаш. Потребно е многу време за подготовка. Има многу заинтересирани групации.
Заинтересирани се англиска и турска компанија и уште неколку други компании. Овој проект го презентиравме пред неколку амбасади, меѓу кои и онаа на САД. Работиме во оваа насока“, појасни Меџити.






