Ќе нема никаква амнестија на криминалот и корупцијата сторени од члено на актуелната власт на СДСМ, ДУИ и Алијанса без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ би влегло во власта со социјалдемократите.
Ако ВМРО-ДПМНЕ влезе во влада со СДСМ ќе ги апси сите осомничени за криминал и корупција без разлика што би ја делел власта со партии во кои има осомничени за криминал, најави шефот на собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски во емисијата Заспиј ако можеш.
На прашање дали ќе има апсење на осомничени криминалци ако ВМРО-ДПМНЕ во таква влада добие ресори како МВР кое во содејство со обвинителство може да поведува постапки против криминал Милошоски одговара потврдно.
Тој во емисијата расчистува и многу други дилеми за вчерашната подготвеност на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата ако ДУИ си замине и прифати уставните измени да важат од влезот на Македонија во ЕУ.





