Какви гревови кријат најблиските соработници на Данела Арсовска, истражува неделникот Фокус

Во најновото печатено издание на неделникот Фокус е објавен текст за двајца контроверзни луѓе кои стојат зад градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.



Едниот од нив е генералниот секретар на Градот, Зоран Глигоров, кој откако стана верна сенка на градоначалничката, заработи низа обвинувања од противниците, вклучително дека бил пријавуван за семејно насилство.

Вториот локален фактор во Скопје и еден од најблиските луѓе на скопската „кметица“, како што заради бугарскиот пасош ја нарекува Фокус е и Драган Митковски, чие семејство се поврзува со повеќе компании.