Гир: Ако ја пропуштите шансата, други ќе ја искористат

Евроамбасадорот Дејвид Гир предупреди дека доколку не се направат уставните измени, тоа значи дека Македонија ја пропуштил шансата, која други ќе ја искористат.



Во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 тој рече дека „засега процесот се одвива добро. Скринингот е во тек, тимовите се добро организирани и гледам позитивни промени. Постои залет. Но постои еден поширок контекст како резултат, за жал, на војната на Русија против Украина.

Има залет за проширувањето и сите сега ја разбираат сериозноста на интересот за напредување во процесот на проширувањето на ЕУ. Мислам дека сега има голема шанса. Во овој миг вратата е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор“ -рече амбасадорот.

На прашањето што ако државата не го направи тој чекор и одлучи да не ги воведе уставните промени евроамбасадорот Гир вели:

„Тогаш процесот ќе биде во застој, скринингот ќе прекине и преговорите нема да напредуваат. Тоа ќе значи дека сте ја пропуштиле шансата, но некои други ќе ја искористат и ќе ѝ се приклучат на ЕУ“ .