Синоќа бил уапсен 34-годишниот М. П. од скопско Мојанци бил баран по централна потерница поради бегство од затворот пред 8 години, во 2015-та.
Полициски службеници на МВР го нашле синоќа во населбата Аеродром, јави „360 степени“.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека мажот бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
По апсењето, тој е спроведен во затворот „Идризово“ за доиздржување на две години и шест месеци од казната.






