Во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во скопската населба Капиштец утрово била ограбена експозитура на банка.
Напаѓачот влегол во експозитура на „Стопанска банка“ маскиран и вооружен со пиштол. Им се заканил на вработените, побарал да му ги дадат сите пари, по што избегал, јави А1.Он.
„Денеска (07.06.2023) околу 09.30 часот е пријавено дека во експозитура на банка во трговски центар едно лице со закана со пиштол одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.







