ДУИ се согласи да замине од Илинденска на барање на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада., објави попладнево портпаролот на ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи.



Реакцијата на ДУИ доаѓа откако на лидерската средба Мицкоски побара ДУИ да ја напушти владата во која би влегла ВМРО-ДПМНЕ и би се донесле уставни измени кои би стапиле во сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ.

Засега ДУИ го одбива второто барање на ВМРО ДПМНЕ за датумот во кој ќе стапат во сила уставните измени.