Откако попладнево се покажа дека главната дебата за уставните измени се води меѓу тимовите на Мицкоски и Ахмети се поставува легитимно прашање дали премиерот Ковачевски на денешната лидерската средба бил само неформален поштар на Мала Речица на состанокот кој се одржа меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Всушност според настаните по лидерска средба излегува декане можно Ковачевски само да ги пренесувал предлозите на човекот за кој многумина веруваат дека е вистинскиот премиер, Артан Груби.
Веднаш откако Ковачевски ја пренел содржината на разговорите на врвот на ДУИ од таму дојде одговор дека Ахмети е подготвен да замине во опозиција во кој не се наведува дека за тоа е прашан или консултиран премиерот Ковачевски кој формално е лидер на владината коалиција.
Со тоа уште еднаш се потврдува тезата дека Ковачевски е само послабиот дел од владата и во случајов посредник меѓу ,,големите играчи” ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Оваа теза е уште поверојатна ако се знае дека Артан Груби дел од предлозите на Ковачевски на средбата веќе ги кажа пред околу два месеци во Собранието а сега Премиерот само ги повторил во слична форма.





