На прашањето зошто да не се побрза со предлогот за уставните измени за да не се мачи пролонгирано македонското општество премиерот Ковачевски немал одговор, откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата.
,,Понатаму на моето прашање кое ќе влезе ова во рамките на парламентот одговорот беше дека ќе биде во следните десет дена. Добро во ред велам ќе биде во следните десет дена, кога ќе го ставите на гласање? Кога ќе се создадат услови. Но очигледно нема услови. Ќе ја мачиме ли македонската јавност општеството дополнително, и тука немаше нормално одговор од страна на соговорникот.
Да заклучам, ценам дека лидерската средба ги покажа јасно позициите дека во овој момент нема двотретинско мнозинство во парламентот и дека час поскоро треба да има релаксирање во општеството, а единствен начин е практично час поскоро да одиме на предвремени парламентарни избори за да можат граѓаните да добијат влада каква што заслужуваат, а не влада каква што не ги застапува нивните интереси”, изјави Мицкоски на прес конференција по средбата.