ЕВН не смее во Слупчане: 80% од струјата се краде, другото ретко се плаќа

Екипи на ЕВН Македонија добилке закани по живот денеска во обид да влезат во липковското село Слупчане, јавува телевизија Алсат.



Околу 200 селани го блокирале влезот на селото, а упатиле и закани кон екипите на ЕВН кои требало да извршат реконструкција на мрежата.

Од ЕВН за Алсат изјавиле дека селото ќе се соочи со прекини во снабдување како резултат на континуирани кражби на струја, доколку не им се дозволи на екипите да работат.

Како што пишува Алсат, кражбите на струја во Слупчане изнесуваат околу милион евра годишно, односѝно дека 80 отсто од потрошената електрична енергија не се наплаќа.

Од останатите 20 % се плаќа само една третина…