По видеото на кое се гледа како пациенти тепаат новодојдено лице во психијатрсиската болница во Бардовци и кое го пренесоа медиуми но се прошири и на социјалните мрежи, директорот Мухсин Арифи изјави дека е – згрозен.
Според директорот станувало збор за пациенти сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд, осносно лица кои сториле кривични дела како убиство и обид за убиство.
„Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови. Ве известувам дека од моја страна по настанатиот случај се преземени ситe безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните инситуции кои во моментот се грижат за безбедноста“, рече директорот.
Додаде дека очекува во најкраток рок институциално решавање на случајот, а во меѓувреме започнал со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани.







