Денешната одлука на скопскиот кривичен суд според кој ,,Клиниката Жан Митрев” не неправила никаков криминал при воведување на методот за хемофилтрација е најголем удар за неформалната група која сака да ја преземе оваа врвна здравствена установа како што нема во регионот.
Во неформалната група членуваат екс политичари, обвинители, новинари и бизнисмени кои по принципот на злосторничко здружување спровеле низа активности кои требаше да доведат до уништување на Клиниката Жан Митрев и нејзино преземање од страна на неколку потенцијални купувачи поврзани со македонски бизнисмени и други лица
Основниот кривичен суд ги ослободи Клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев од обвинението дека во МАЛМЕД (Македонската агенција за лекови и медицински помагала) не пријавиле отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација.
Оваа одлука има сериозно влијание и на другиот случај со над 280 кривични дела за наводна измама кој се води против Жан Митрев а кој доведе до блокирање на сите сметки на болницата со цел таа да банкротира.
Според одлуката на скопскиот кривичен суд обвиненијата на Македонската агенција за лекови и медицински помагала во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката „Жан Митрев“ се неосновани.
Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок. Според овој заклучок, Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД.
Налогот за прогон на Жан Митрев од страна на МАЛМЕД доаѓа од истиот центар на моќ од каде преку обвинителството докторот се гони и за наводната измама на пациенти, тврдат луѓе упатени во активностите на групата која содржи бизнисмени, политичари, новинари и обвинители.
„Со оваа ослободителна пресуда се потврдува дека Клиничката болница ‘Жан Митрев’ и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека сѐ што беше направено во Клиниката ‘Жан Митрев’, беше направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето“, се наведува во реакцијата на болницата по добивањето на ослободителната пресуда.
Според пресудата, Клиниката и д-р Митрев се ослободуваат од обвинението дека пред отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација не го пријавиле ова клиничко испитување во Агенцијата за лекови и медицински средства.
Како сега обвинителството и обвинителката Искра Хаџи Мишева ќе го продолжи предметот за наводна измама кој го води по налог на шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски, кој пак важи за близок на ,,Струмичкиот Клан” ќе се види на 13 Јуни за кога е закажано следното рочиште во процесот кој неофицијално се нарекува ,,Со рекет до болница”.






