„Паднаа” првите оставки во Судски Совет,„Коалиција Сите за правично судење” ги охрабрува и другите

Оставките поднесени, причините непознати – двајца членови го напуштат Судскиот Совет. Мирјана Радевска-Стефкова која доаѓа од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од Апелација не сакаат повеќе да бидат дел од највиското судско тело. Оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев, но во јавноста не се споделува што ги натерало на ваков потег, ниту се знае кога ќе биде закажана седницата за нивно констатирање.



  • За сега можеме да потврдиме дека има поднесени оставки“ велат од Судски Совет.
  • По ова реакција испрати Коалиција „Сите за правично судење”:  
  • – Се надеваме и ги охрабруваме и останатите членови на Судскиот совет да поднесат оставки како би можело понатаму да се изберат нови членови на ова тело кое ќе биде легитимно во извршување на своите надлежности согласно Законот.
  • Судскиот совет е тело од исклучително значење за гарантирање на независноста и професионалноста на работењето на судиите, а сé со цел да им се овозможи на граѓаните да имаат фер и правично судење пред независен и непристрасен суд. Дополнително, начинот на работата на Судскиот совет влијае на зголемување на довербата на граѓаните во судскиот систем, стои во реакцијата..

Оставките доаѓаат по критиките за Судкиот совет, кои пристигнаа дури и од меѓународната заедница, која највисокото судско тело го оцени како нелигитимно, а и домашната правна фела побара оставки од сите членови.

Но, само неколку часа пред оставките, претседателот Георгиев и двајца членови ги караа новинарите како требало да се известува за работата на Советот, за да наводно, се дознае вистината. За лекцијата по новинарство, не дозволија камери, а не сакаа ни да дадат изјави за проблемите кои се таложат веќе подолго време.

Судската служба, 2000 на број, ќе остане без месечните додатоци кои беа скратени поради зголемувањето од 78% на платите на судиите. Службениците и судските полицијци се закануваат со штрајк, а Георгиев се жали дека Министерството за финансии не им ги одобрува за исплаќање.

  • Состојбата е алармантна,  судската администрација најавува штрајк поради поради укинување на додатокот од плата, додека на судиите платата им е зголемена за 78% проценти“, рече претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

Пари во касата имаат само за плати до октомври па единственото решение го гледаат во Ребалнсот на буџетот.

На стенд- бај останува проблемот за за психолошки тестови и тестови за интегритет кој е неопходен пред да се прави изборот на судии или унапредувањето на повисоки позиции. На психилошкиот тест чекаат околу 40тина судии, 30 академци кои годинава завршија на Академијата, 8 судии кои треба да преминат во Апелација, но и в.д. претседатели, пренесува Алфа тв.