Жестоки реакции на социјалните мрежи по објавата дека првиот човек на Државна кардиохирургија, проф. Сашко Јовев е разрешен од страна на министерот за здрвство, Фатмир Меџити. Јавноста не се помирува со ваквата одлука на Меџити, посебно поради тоа што проф. Јовев од страна на министерот е окарактеризиран како лекар кој ништо не сработел.
Граѓани во објавите се обраќаат и до премиерот Димитар :
-Пред десетина дена Ковачевски се гордееше со Сашко, каде е сега да реагира.
– Црно ни се пишува се додека овие наши абдали молчат.
-Уште колку ќе толерираме вакви неранимајковци
-Ова е најголемиот страм за македонското труло Здравство
-Министре по здравство. Ајде веднаш да си го повлечете Решението за разрешување на Јовев, и да му се извините на овој невиден професионалец кој се дом’кна отаде Израел за да ни ја направи Кардиохирургија, кој направи невиден успех во сферата на транспланацијата, и кој е наша гордот. Да им се извините и на неговите пациенти, кои длабоко ги вознемиривте.
-Ако ви требало директорското место за да вртите тендерчиња со некое ваше соселанче па затоа ја доведувате во ризик успешната функционалност на оваа УСПЕШНА ПРИКАЗНА, тогаш АРАМ за АРАМИЛУК
-Жално! Најдобриот доктор, со бесценето знање, огромно искуство, култура,… коректен, процедурален, со интегритет. Штета за нас, пациентите.
-Газење врз достоинството, газење врз се што е работоспособно, здраворазумно….. Колку ли ние имаме трпение, до каде??? Дното има ли дно ?, се дел од коментарите на социјалните мрежи.








