Задоцнета или не е лидерската средба која ќе се одржи утре во 11 часот? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски ќе седнат на иста маса – главна тема ќе бидат уставните измени. Но што може да се очекува кога опозиицјата има цврст став по однос на ова прашање, и нема да поддржи уставни измени? Без гласање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е невозможно да се промени Уставот.
Власта го прифати францускиот предлог, ги оформи работните групи за уставни измени, па после сите тешки одлуки, на кои се противеше речиси цела македонска јавност но и дел од експертската фела, препозна потреба за лидерска средба.
Многу експерти долго време предупредуваа дека за сите овие работи, кои власта веќе ги направи беше исклучително потребен политички консензус, но попусто, коалицијата си тераше по свое.
Останува да видиме што ќе донесе лидерската средба и дали ќе се приближат барем малку ставовите на најголемите политички партии во власт и опозиција.





