Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ е дециден доколку не се направат уставните измени, дефинитивно ќе биде испуштена шансата за влез во ЕУ.
Тој не гледа ништо спорно зошто во Уставот не би требало да се впишат уште неколку заедници, кои како што вели, се и онака граѓани кои живеат во земјава.
„Oдговорноста на опозицијата е огромна и не може да се избегне. Знам дека би сакале најмногу некој друг да ги реши проблемите за нив, но дел од нив ќе мора да учествуваат во оваа одлука. Јас верувам дека ќе дојдеме до таа точка и нема да ја пропуштиме шансата“, изјави заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Тој посочи дека она што е важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки.
„Тие ја пропуштија таа шанса за НАТО, за Преспанскиот договор, не треба, еве им се дава прилика да не ја пропуштат овој пат, со тоа што овој пат текстот, содржините на измените е далеку, далеку, да речеме е со помала тежина и предизвикува помали проблеми, во однос на тоа што било претходно“, вели Маричиќ.






