Две анкети на американскиот институт НДИ близок на демократите открива дека за околу четириесетина дена ВМРО-ДПМНЕ има раст од над 4 проценти додека СДСМ и ДУИ имаат пад од речиси 2 проценти.
Овој огромен скок за кратко време се случил во периодот на почетокот на притисокот за уставните измени врз ВМРО-ДПМНЕ и скандалот Бехтел и Енка.
Според резултатите од анкета на НДИ направена во април објавена денеска:
Доколку утре има избори граѓаните би ја дале поддршката по следниот резултат:
ВМРО-ДПМНЕ 21,5%
СДСМ 13,9
ДУИ 6,2
Алијанса 3,4
Беса 3,6
Левица 2,9
Максим 1,7
Не знам 18,3
Одбивам одговор 8,5%|
На прашањето каде се движи државата граѓаните велат:
56% во погрешна насока
11% правилна насока
Ако се спореди теренската анкета на НДИ со 1003 испитаници направена во април 2023 собраа објавена денеска а направена во февруари/ март се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ има скок од над 4 проценти од гласовите:
За ВМРО-ДПМНЕ 17%
СДСМ 12%,
ДУИ 8%,
Левица 4%,
Алијанса за Албанците 3%,
Беса 1%
Од Април досега НДИ нема нова анкета а токму во тој период власта беше под жестока критика на јавноста за скандалот Бехтел и Енка и други афери.
Според последната анкета направена минатиот месец од страна на ИПИС водството на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е речиси недостижно.
Денешната анкета на НДИ
Американскиот НДИ потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство пред СДСМ





