Американскиот НДИ потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство пред СДСМ

Истражувањето на американскиот Национален демократски институт покажува недостижно водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.



Според анкетата за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто, додека за СДСМ 13,9.

Трет на листата е ДУИ со 6,2, па Беса со 3,6, по неа е Алијансата за Албанците со 3,2, Левица со 2,9,

Движењето на Максим Димитриевски со 1,7 проценти.

Неодлучни кому ќе му го дадат гласот се дури 18,3 отсто, додека 8,5 отсто одбиле да одговорат.

Резултатите се од теренско истражување лице-в-лице од 13 до 24 април, нарачано од НДИ, со маргина на грешка +/-3,09 процентни поени на 95% ниво на доверба, големина на примерок од 1.003 испитаници на возраст од над 18 години.

Истражувањето беше спроведено од ТИМ Институт а финансирано од Националната фондација за демократија.