За дел од Македонците ручек во ресторан е луксуз, може да кажеме за голем дел од граѓаните. Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %. Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.

Насер Хавзија од Здружението кулинарија ХоРеКа вели дека за дел од населението одењето на ручек во ресторан е луксуз.
- – „Има луѓе за кои ручек во ресторан е луксуз. Има сиромаштија, точно е, но тоа не е во толку големи размери како што се зборува. Ручек во ресторан не можат да си дозволат луѓето со мали плати, невработените, оние кои живеат од социјална помош“, рече Хавзија.
Скоро 452.000 граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2020 година во Македонија. Стапката на сиромашни лица е 21.8 отсто. Пред повеќе од една деценија, стапката на сиромаштија изнесуваше 30 отсто.





