Решението на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за именувањето на Никола Алексов за привремен директор на Младинскиот културен центар (МКЦ ) е укинато, пресуди Управниот суд.



Одлуката доаѓа по тужбата што ја покренаа вработените кои тврдеа дека Алексов е незаконски поставен на директорската позицијата, објави РСЕ

Алексов стана „привремен директор“ по само два дена работно искуство во онаа институција во која дојде од приватниот сектор каде што со дипломата за детектив се занимавал со обезбедување.

Тој на директорското столче во јануари годинава го замени Ванчо Богоев кој обвини дека е сменет затоа што не потклекнал на притисокот од генералниот секретар на Град Скопје да го потпише вработување на музичарот Арбен Шакири – Бени.