Пратениците од СДСМ кои се од Велес воопшто не се борат нивните сограѓани да добијат некои средства од Владата, тврди Игор Здравковски, пратеник во македонското собрание.



„Тие воопшто не сакаат да инвестираат во Велес, односно пробуваат да го казнат народот. И пратениците од СДС од Велес не се борат за нивните сограѓани да добијат некакви средства за инвестирање без разлика дали е тоа во патна инфраструктура, образование или здравство“ вели Здравковски.

„Ние како држава мислам за џабе носиме стратегии. Носиме стратегии за финансирање, за образование, борба против корупција, но секогаш изостанува делот на реализацијата. За жал од во Република Македонија од економскси аспект или во однос на буџетирањето кое се носи како стратегија како буџет за одредена година, конкретно сме 2023 година, или не носи некако импулсивно или за некакви договори и преговори.

И секогаш Велес изостанува.

Стратегиите кои што ги носат се погрешни затоа што имаме лошо планирање, имаме лош попис, лоша статистика бидејќи не ни ја покажува реалната слика каде треба да се инвестира. И од трета страна е најжалната страна, а тоа е корупцијата и нивниот порив за крадење. Тие апсолутно имаат многу поразличен пристап, но тоа им е професија ,вели Здравковски.