Мицкоски ќе оди на лидерска со порака „НЕ“ за уставни измени по бугарски диктат

„Еве ќе им кажам јас Христијан Мицкоски ќе дојдам на лидерска средба и во името на огромното мнозинство на народот кој бара заштита и очекува застанување на нозе, ќе кажам дека уставни измени, прифаќање на бугарски диктат нема да има“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес.



„Јас нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот како што тоа го прави власта, ниту пак да дозволам да газат по националните интереси“, кажа Мицкоски.

Мицкоски на крајот заклучи „Македонија не е на распродажба“.

Лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски ќе се одржи утр во Клубот на пратеници во Скопје.