Собранискиот спикер Талат Џафери уверува дека во последните сто дена пред наредните парламентарни избори премиерот сигурно ќе биде Албанец, за што СДСМ немала ништо против.



„Нема компромис за ова, премиерот мора да биде Албанец 100 дена пред избори. Ова е политички договор помеѓу СДСМ и ДУИ, за ова сме договорени и така ќе биде. За ова знаат и во СДСМ и немаат ништо против“, порача Џафери во „Клик плус“ на ТВ 21.