Од новогодишниот протест пред Истражниот затвор (ГАЛЕРИЈА)

На протестот кој вечерва го организира неформалното движење “Срце чука среде Шутка” учествуваа граѓани од повеќе македонски градови и семејствата на притворените за настаните од 27 април.



Граѓанската акција за поддршка на притворените и осомничените за тероризам на 27 април пред истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари организира мирен протест против политичкиот прогон во Македонија.

Присутните кои решија на пречекот на 2018 да се солидаризираат со притворените, бараат нивно ослободување од, како што велат, притворот кој во овој случај не е мерка на претпазливост туку казна за притворените чија вина допрва треба да се докажува.