Бојкоски: Проектот за кружниот тек кај Ветеринарната станица во Битола беше едногласно поддржан од сите советници (ВИДЕО)

Додека претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска велидека за изградбата на кружниот тек кај Ветеринарната станица гласале само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите советници не го поддржале проектот, заменик-градоначалникот на Битола и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, реагира дека на седницата одржана на 28 декември лани, Советот едногласно изгласал одлука за прифаќање на амандман за издвојување средства за изградба на кружниот тек.

-СДС БИТОЛА и останатите советнички групи бесрамно ЛАЖАТ дека биле против изградба на кружниот тек на улица Прилепска.
Изградбата на кружниот тек на улица Прилепска ЕДНОГЛАСНО е поддржана од СИТЕ СОВЕТНИЦИ на 28.12.2022 година – вели Бојкоски.
https://www.facebook.com/bojan.bojkoski/posts/6338020192907359/?vh=e&extid=MSG-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C