Во Македонија живее и работи човек кој со своите научни методи успеа да ја разреши најголемата австралиска мистерија и да ја исправи една од најстрашната неправда на светот.
Професорот Тодор Арсов кој предава генетика на универзитетот Гоце Делчев во Штип деновиве е главен херој во Австралија каде по 20 години во затвор е откриено дека мајка на 4 деца која беше осудена за нивно убиство не го сторила делото.
Дел од својата научна и професионална кариера професорот Арсов ја минал во Австрија и Америка каде имал низа понуди за работа во низа врвни научни институции но тој се решава да се врати во Македонија.
Тимот од тројца научници меѓу кои и македонскиот генетичар Арсов со своја научна истрага во Австралија докажаа дека мајката Кетлин Фолбиг била неправедно осудена за убиство на своите деца.
Професорот Арсов откри дека всушност генетска мутација е „разумно објаснување“ за смртта на две од четирите деца за чие наводно убиство Кетлин Фолбиг беше осудена на 25 години затвор.
Експертот за генетика, Арсов кој ја посетил Кетлин Фолбиг во затвор за да ја добие нејзината медицинска историја, открил дека ретка генетска мутација можеби довела до смрт на две од нејзините четири деца со што се откри сосема нов аспект на трагедијата која со години ја преокупираше Австралија пред 3 децении.
За време на посетата на Тодор Арсов на Кетлин Фолбиг во затворот таа му кажала на професорот дека имала историја на несвестица по што Арсов и неговите колеги утврдиле дека не мајката туку генетска ситуација е виновна за смртта на четирите дечиња
Фолбиг е на пет години од целосно издржување на 25-годишната казна.
Во тек е втора судска истрага за пресудите на Фолбиг (55) за убиство на нејзините деца Сара, Лора, Кејлеб и Патрик, сите на возраст под две години.
Тие умреле во одделни прилики во градчето Хантер во државата Нов Јужен Велс помеѓу 1989 и 1999 година.
На судењето во Врховниот суд на Нов Јужен Велс обвинителството (на британската кралица Елизабета) во тоа време тврдеше дека децата биле задушени од нивната мајка.
Фолбиг и на судењето и сега тврди дека нејзините деца умреле од природна смрт но се додека Арсов и колегите не ја откриле ретката генетска мутација кај нејзините две ќерки што предизвикува ненадејна смрт, на мајката никој не и верувал.
Откако подолго време ја истражувал на ретката мутација, CALM2G114R, Тодор Арсов, експерт за генетика со 20-годишно искуство, се сретнал со Фолбиг во затвор во октомври 2018 година.
Тој ја запишал нејзината семејна и генетска историја, земал брис од устата за геномска анализа и запишал дека имала историја на несвестица што може да укаже на срцева состојба.
Неговата истрага доведе до исправање на една од најголемите светски неправди во која мајката освен што изгубила четири свои деца неправедно била осудена за нивно убиство.
Кетлин Фолбиг била прогласена за виновна од поротата во 2003 година за убиство од небрежност на едно и убиство на три нејзини деца во период од 10 години.

Дел од сведочењето на професорот Арсов пред австралискиот суд според тамошните медиуми:
,,Фолбиг му кажа на професорот Арсов дека се онесвестила на карневалот за пливање кога имала 11 или 12 години откако се чувствувала лошо, но тој не можел да се сети дали таа рекла дека се онесвестила во или надвор од водата.
„Таа се разбуди на страната на базенот е она што се сеќавам“, рече Арсов.
„Морав да бидам внимателен, тоа беше некој што поминува низ загуба и тагување, а за мене во тоа време точните околности не беа важни“.
Бранителот го праша сведокот дали ја познава Фолбиг пред да ја посети во затвор.
„Дали некогаш сте разговарале со неа настрана од оваа посета? Праша г-ѓа Калан.
„Не, но повторно се вратив да земам примероци“, одговори тој.
Професорот Арсов рече дека мисли дека генетската мутација е „разумно објаснување“ за смртта на Сара и Лора Фолбиг.
Пензионираниот главен судија, Том Батурст, кој ја води истрагата, го испрашувал професорот Арсов за неговите докази.
„Не можете да наведете дека овие деца починале од некоја посебна состојба“, рече г-дин Батурст.
„Можеме да зборуваме за веројатности или веројатности“, одговори сведокот.
Г-ѓа Калан го праша сведокот дали го смета семејството Фолбиг како „трагично несреќно“.
„Мислам дека е така“, одговори тој.
На Фолбиг, која се нарекува најлошата жена сериски убиец во земјата, и преостануваат уште пет години од 25-годишната затворска казна.
Истрагата продолжува.
П. С.
Се надевам дека идната недела за деталите на големиот случај од професорот Арсов ќе дознаеме повеќе во емисијата ,,Заспиј ако можеш”.





