Командантот на КФОР Ангело Микеле Ристуќа го критикуваше Албин Курти за назначувањето албански градоначалници на северот на Косово и рече дека мисијата на НАТО не може да се користи како „чадор“ за еднострани акции и дека без неа северот на Косово ќе биде „уште едно жариште на војната“.
„Мисијата на НАТО не може и не смее да се смета за чадор под кој можете да се скриете по едностраните дејства кои ги нарушуваат многу несигурните рамнотежи“, рече Ристука во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пренесе Фокус
Тој додаде дека Курти бил советуван од целата меѓународна заедница да не поставува градоначалници Албанци кои не се признати од српското мнозинство…






