Премиерот Димитар Ковачевски вели дека евроинтеграција и активности на сите политички чинители во однос на односите со соседите ќе биде тема на најавената средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во среда.
„Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе подржи интеграција и очекувам да разговараме за сите аспекти на овие значајни теми и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за европската интеграција “ рече Ковачевски.
Премиерот се надева дека сите пратеници ќе бидат на нивото на задачата и дека ќе гласаат за отпочнување на постапката на отворање на Уставот.
„Треба да се искористи овој прозорец за почнување на преговорите со ЕУ. Сите граѓани посакуваат да влеземе таму. Тоа е најбогатиот пазар во светот“, порача премиерот по увидот на делницата Неготино – Демир Капија.
Запрашан дали ќе се зборува за предвремени избори, Ковачевски рече дека изборите ќе се одржат во редовните термини, прво претседателските, па потоа редовните парламентарни избори.






