Планетата Земја во новата 2018 година ќе влезе со точно 7.444.443.881 човек, предвидува Федерален статистички систем на Соединети Американски Држави.
Во споредба со 1 јануари 2017 година населението на земјината топка е зголемено за 78,5 милиони луѓе, а прирастот е 1,07 отсто.
Се очекува во текот на јануари 2018 „секоја секунда да се раѓаат 4,3 бебиња и да умираат 1,8 лица“.
Според статистичката служба на САД, во 2050 година на Земјата ќе живеат девет милијарди луѓе. За споредба, во почетокот на 11. век имало 310 милиони, а во 1900 година бројката пораснала на 1,6 милијарди.
Границата од шест милијарди луѓе е помината во 1999 година, а од седум милијарди во 2011 година.
На 1 јануари 2018 година во САД ќе живеат 326,97 милиони луѓе, односно 2,3 милиони повеќе од 1 јануари 2017 година.





