Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје „фати“ двајца возачи кои на автопатот Скопје-Тетово со свите автомобили се движеле со 214 односно 227 километри на час.



При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место од 66 во тетовскиот регион и 28 во гостиварскиот.

На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, а некои и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

СВР Тетово со апел до возачите да не возат пребрзо, зашто најголемиот број и од годинашните сообраќајни несреќи се резултат на неприлагодена брзина според условите на патот и пред се оние со најтешки последици, порача портпаролот Марјан Јосифоски.