Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Мирче Аџиоски на денешната средба со жители на населените места Избиште, Крушје, Лева Река, Кривени и Јанкоец, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ рече дека граѓаните се заборавени од централната власт.
„Овие луѓе се заборавени, обесправени и оштетени од централната власт бидејќи нивниот род се плаќа со многу пониски цени од реалната вредност на она што треба за да се произведат, конкретно јаболката.
За да се промени оваа слика, мора власта да ја испратиме во историјата и да дојдат нови луѓе кои што ги знаат проблемите и знаат како да ги решат проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, рече Аџиоски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која потекнува од народот и затоа сме помеѓу народот и тука ќе останеме и ќе продолжиме со оваа акција се додека не ги испратиме овие криминалци кои се на власт таму каде што заслужуваат, а тоа е долга опозиција.







