Средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, би требало да се одржи во среда јавува МИА.
Според агенцијата, разговорите најверојатно ќе се одвиваат во Клубот на пратеници, но засега за часот и форматот на оваа средба нема информации.
Ковачевски најави средба со Мицкоски и со тимовите од двете страни, додека Мицкоски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци.
Мицкоски: Ако премиерот пак дфојде со напишано ливче – подобро да ја нема
Премиерот Ковачевски кажа дека теми на разговор би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата.
Мицкоски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка бидејќи ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласа за овие измени и дека треба да се оди на избори оваа есен.







