“Не” за испраќање “жива сила” во Украина, вели екс-бугарски претседател

„Ова е војна меѓу соседи кои не се крвно поврзани со нас. Ние не припаѓаме таму!



Ако се работи за испраќање војници во Украина, јас ќе бидам еден од првите што ќе излезам на плоштадот, како во 1999 година“, вели за БНР порашеншиот бугарски претседател (2002-2012), Георги Прванов.

Тој потсети на смртта на петмина бугарски војници во Карбала, Ирак, за време на неговиот прв мандат и нагласи: „Не би сакал тоа да се случи. Не посакувам ниту еден бугарски државник да ги поздравува загинатите бугарски војници“вели Прванов и додава:

„Ќе си дозволам да се потсетам, иако без ентузијазам, дека јас сум еден од оние што ги потпишаа договорите за членство на Бугарија во ЕУ и указот за членство во НАТО.

„Едноставно, нашето партнерство, сојузничките односи ги разбираме на поинаков начин – не по секоја цена”, нагласи Прванов.

Според него, има случаи во кои Бугарија треба да држи дистанца.