Спасувачите во Индија се обидуваат да пронајдат преживеани по несреќата во која учествуваа три воза загинаа стотици луѓе во една од најтешките железнички катастрофи што земјата некогаш ги видела.



Најмалку 288 луѓе се потврдени како загинати, а повеќе од 1.000 се повредени по сударот на два патнички воза и товарен воз во градот Баласоре, во источната држава Одиша, јавува Си-Ен-Ен

Но, спасувачите очекуваат бројот на загинати дополнително да се зголеми, бидејќи се смета дека многу луѓе се заробени под превртените вагони.

„Не се надеваме дека ќе спасиме некој жив“, изјави шефот на противпожарната служба на Одиша, за локалниот информативен канал NDTV.

Причината за несреќата останува нејасна, но министерот за железници Ашвини Ваишнау во саботата им изјави на новинарите дека е наредена „истрага на високо ниво“ за судирот, кој се случил во близина на железничката станица Баханага.

Возовите во Индија секојдневно опслужуваат 13 милиони патници и 8 милијарди на годишно ниво.

Владата неодамна инвестираше милиони за да ги надгради своите железници, но годините апоставување предизвикаа влошување на состојбата на пругите.