Американскиот претседател Џо Бајден прогласи дека со усвојување на нацрт-законот за зголемување на плафонот на американскиот долг и ограничување на трошењето e избегната криза, пренесува „Ројтерс“.
Бајден рече дека ќе го потпише законот денеска, со што формално ќе стави крај на месеците на неизвесност околу тоа што би бил првиот банкрот на САД на 5 јуни.
„Критично беше да постигнеме договор и тоа е многу добра вест за американскиот народ. Никој не доби се што сакаше. Но американскиот народ го доби она што му требаше“, рече Бајден.
По тешките преговори, Сенатот и Претставничкиот дом усвоија нацрт-закон оваа недела со кој се зголемува плафонот на владиниот долг од 31,4 билиони долари.







