Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека нема да има никаква смисла лидерска средба доколку Димитар Ковачевски се појави со ливче од кое ќе чита. На претходните две премиерот доаѓал со напишано ливче и откако го прочитал, средбите завршиле без некаква суштина и заклучок.
„Првиот настан е откако го прифати последниот предлог во јавноста познат како Француски предлог во Клубот на пратеници, дојде со ливче од коешто читаше. Му ги кажав забелешките и тој тогаш даде одговор од тоа јас што му кажав и заврши лидерската средба, си дадовме секој своја изјава, добивме прашање од новинарите и си заминавме.
Потоа организираше тој условно кажано една лидерска средба во поширок формат во рамките на Парламентот. Дојде на таа лидерска средба придружуван од Али Ахмети и Талат Џафери. ..Повторно имаше пред себе неколку листа хартија, исчита што му беше напишано, секој од присутните си кажа свое мислење и потоа излеговме сите надвор“, дадовме изјава и повторно ништо не се случи“, во синоќешното гостување на 360 спепени на Алсат.
Тој порача а дека доколку Ковачевски очекува да има нова лидерска средба којашто ќе помине како двете претходни, без суштина и заклучок, тогаш, како што вели, подобро и да ја нема.
„Ако имаме лидерска средба или тимска средба, без разлика како сакате наречете ја, без суштина, без заклучок, подобро да ја немате. Зошто да ги оптоваруваме граѓаните?“ рече Мицкоски.







