Мицотакис позитивен на „Ковид-19“, изборната кампања ќе ја води на Тик-Ток

Грчкиот премиер и лидер на конзервативната партија Нова демократија Киријакос Мицотакис објави дека има КОВИД-19 во видео на неговите сметки на Инстаграм и ТикТок, објави Катимерини.



Прегратките и бакнежите во предизборниот период се секогаш убави, но понекогаш имаат своја цена“, рече Мицотакис и додаде дека направил тест за ковид, кој покажал позитивен резултат и ќе мора да остане дома неколку дена.

Кирјакос Мицотакис вели дека ќе ја продолжи својата изборна кампања на Tik-Tok.

Да потсетиме, на Грција ѝ претстојат предвремени избори на крајот на јуни, откако на 21 мај се одржа гласање на кое ниту една партија не постигна доволно мнозинство за формирање влада.