Поранешниот почесен конзул на Република Македонија во Хрватска, на сѝоцијалните мрежи гои честита изборот на новата ректорка на универзитетот Св Кирил и Методиј и воедно ѝ упатува неколку совети.



„ Најпрво сакам да и честитам на професорката Билјана Ангеловска за изборот. Знам дека таа беше долги години проректор за финансии во мандатот на ректорот Јанкуловски и ништо повеќе. Мило ми е што е избрана жена за ректор.

… Сакам да не биде дел од актуелната власт, да мисли сам и да одлучува во корист на Македонија и на Македонците, колеги професори и студенти, а не идиотите кои ја водат нејзината држава.

Сакам да биде своја личност, да не ги троши парите што ги добива преку проекти без врска, туку да ги насочува кон развојот на Универзитетот.

Сакам и таа да најде храброст и да се сврти кон хуманистичките студии, Филолошкиот, Педагошкиот, Институтите за историја, јазик и литература и јазик, бидејќи тие се во одбрана на татковината.

Тие се оние кои ја бранат историјата, јазикот и сите национални вредности на македонскиот народ.

Ако не е така, таа ќе остане запаметена како една од функционерите и следбениците на власта која ги уништува сите вредности на македонскиот народ.

Од вас се очекува многу госпоѓо Ангеловска, немојте да „упрскате’ порачува Горан Калоѓера, почесен доктор на УКИМ и надворешен член во МАНУ на Фејсбук.