Премиерот Димитар Ковачевски, прво барал тет – а – тет средба со Мицкоски па се премислил, откри вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за 360 Степени на Алсат М.
Одговарајќи за средбата која ја побара и ја најави Ковачевски, Мицкоски објави дека првичните барања од тимот на премиерот биле да се видат тие двајца сами за подоцна во текот на денот да биде побарано да се сретнат тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски вели дека таа опција е прифатлива ако прво се сретнат тимовите на партиите за да дефинираат позиции а потоа тој и Ковачевски да седнат очи во очи и да донесат заклучоци.
Мицкоски апелира на доверба и носење на заклучоци на средбата а не само сликање и давање изјави.
Од што се исплашил Ковачевски да се сретне сам со Мицкоски засега нема информации.
Целото интервју на овој линк
https://fb.watch/kW42fSE6PC/?mibextid=Nif5oz
Најчитани вести
Најстрашниот притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за ,,бугарите во уставот” ќе се случи меѓу 14 и 16 јуни





