Небојша Драшковиќ, претседател на невладината организација „Потекло“ од Црна Гора и експерт по ДНК-анализа, вели дека денешните Македонци имаат најголема генетска поврзаност со античките Македонци, со што го оправдуваат своето етничко име.
„Македонците го оправдуваат своето име. Вие во Македонија имате 25 отсто хаплотип И2 од прамакедонците, кој е уште поизразен кај етничките Македонци. Секој трет машки етнички Македонец е изворен Македонец од времето на Александар Македонски. Вие никогаш не сте биле Грци, туку изворни Македонци, зошто Александар Македонски не бил Грк, туку Македонец. Во времето на Александар сигурно сте имале преку 50 отсто И2. Вие тој хаплотип сте го одржале 23.000 години и ден-денес тој е доминантен кај вас, и покрај сите погроми и мешања со други народи. Иако сте млада нација, вие сте стар народ, чиј доминантен ген е од палеолитот. Само таа генетика преживеала две ледени доба“, изјави Драшковиќ во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа, повикувајќи се на истражувањата на институтите „Игенеа“ од Швајцарија, „Макс Планк“ од Германија, како и тие од Шпанија и од Хјустон, САД.






