Нова средба меѓу македонскиот премиер Ковачевски и американската амбасадорка Ангела Агелер на која според објавената порака од средбата Македонија не треба да се плаши дека може да биде дестабилизирана ако нема уставни измени.
Повеќе различни извори последниве неколку недели меѓу редови сакаат да заплашат дека ако нема уставни измени може да има дестабилизација но според информацијата од средбата Агелер – Ковачевски не може да има дестабилизација затоа што токму Македонија е фактор на стабилност на целиот регион.
Во објавата на Ковачевски не се открива кој бил поводот и целта на средбата.
Според премиерот на средбата тој добил порака дека за најмоќната земја на светот Македонија е фактор на стабилност на регионот и по влезот во НАТО треба да влезе и во ЕУ.
,,На средбата со амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер (@USAmbNMacedonia) е реафирмирана јасната порака од САД дека с. Македонија е фактор на стабилноста на регионот и по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ.
Го споделуваме очекувањето дека сите политички лидери и партии ќе го поддржат европскиот пат”, објави Ковачевски кој пред две недели имаше слична тет – а – тет средба со Агелер.
Според Твитер профилот на Ковачевски вкупно во последниве неколку недели тој и Агелер имале најмалку седум јавни средби на само или во група со други луѓе.
На средбата со @USAmbNMacedonia е реафирмирана јасната порака од САД дека Северна Македонија е фактор на стабилноста на регионот и по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ.
Го споделуваме очекувањето дека сите политички лидери и партии ќе го поддржат европскиот пат. pic.twitter.com/0jBGg2sd1D
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) June 2, 2023






