За време на прославата вечерва жените во Берлин ќе можат да се засолнат и да пријават сексуално вознемирување во пункт на Црвениот крст кај Бранденбуршката порта.
Засолниште може да најдат жени кои ќе бидат предмет на сексуално вознемирување или кои не се чувствуваат удобно во други области.
Берлинската полиција доцна во петокот објави дека го повика организаторот на новогодишната прослава да воспостави таква зона и го поддржи тој концепт.
Прашањето за сексуално вознемирување меѓу масите на јавни собири стана тема во Германија по прославата на Нова Година пред две години во Келн и други градови, кога голем број жени пријавија напади.
По тој настан, беа поднесени повеќе од 1.200 жалби до полицијата и обвинителството, а повеќето осомничени за сексуално насилство биле од северноафриканско или арапско потекло.
Се очекува такви безбедносни зони да се отворат и во други градови.





