Потрагата по сезонска работна сила е повеќе од значајна во Црна Гора и Хрватска, а целиот Медитеран оваа година, како што се проценува, може да биде во неволја, како поради односот помеѓу понудата и побарувачката, така и поради високите плати кои се проблем за работодавците. Според проценките на туристичкиот сектор, само во Хрватска ќе има недостиг од околу 60.000 сезонски туристи. А според Вечерњи лист платите никогаш не биле повисоки. На готвачите им се нудат од 2.500 до 3.000 евра, а на келнерите од 1.200 до 1.500 евра месечно.

Најголем број работници главно доаѓаат од Индија, како и од земјите од поранешна Југославија. Недостигот од сезонски работници е видлив и во Европа, пренесува Блиц.
Проблем како да се пополнат сезонските работни места имаат и Германија, Хрватска, Италија, Австрија, бидејќи сезоната годинава е без ограничувања. Потрагата по работници ја покажуваат рекордните бројки и големиот број огласи за вработување. Најбарани сезонски работници во Европа се продавачи, келнери, готвачи, собарки…
Сезонските сајтови за работа годинава покажаа дека заинтересираните може да се пријават на повеќе од 200 огласи за вработување, па се забележани повеќе од 200.000 посети, како и над 1.200.000 прегледи на страници, како и повеќе од 7.200 апликации за огласени позиции, пишува Нов лист.
Не е само Хрватска која има голем недостиг од сезонска работна сила. Германија годинава бара околу 50.000 странски работници, Австрија околу 40.000… Сигурно е дека овие земји се голема конкуренција во привлекување работници, што покажува и податокот дека регионалниот фонд на работна сила, кој ги опфаќа Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, веќе практично е испразнет и сè потешко е да се најдат работници од овие земји.
На Италија и се потребни 50.000 работници
Во Италија за време на Велигден и пролетта годинава поради зголемениот прилив на домашни и странски туристи имаше недостиг од околу 50.000 работници во областа на туризмот.
Минатата година во Италија имаше 400 милиони ноќевања на домашни и странски туристи, а годинава се очекува поволниот тренд да продолжи и покрај недостигот на туристички работници, соопшти АНСА.
Тешкотиите во наоѓањето кадар во Италија беа забележани со години пред пандемијата на корона, но сега тие стануваат посериозни со рестартирањето на туризмот, особено во областа на Ромања, Сицилија и Сардинија.
Претставници на здружението на туристички работници во наредните недели ќе презентираат конкретни регулаторни предлози до министерката за туризам и министерката за труд, објави италијанската агенција, пренесе Блиц.
На Виена и требаат 55.000 работници
Само на виенските компании ќе им требаат 55.000 квалификувани работници во следните три до пет години. Резултатот од анализата на потребниот образовен кадар покажа дека побарувачката го опфаќа целиот образовен кадар: од занаетчии, преку високо квалификувани, до технички и други факултети.
Истражувачкиот институт „Макам Рисрч“ испитал 925 виенски компании, кои вработуваат 80.000 луѓе. Речиси една петтина од бараните квалификувани работници поврзани со некој вид занает.
Истовремено, на почетокот на новата година виенските компании вработиле 20 отсто повеќе практиканти во однос на претходната година. Побарувачката за дипломирани студенти на техничките факултети и универзитети, останува висока.
– Потрагата по квалификувани работници е еден од најголемите предизвици за стопанството. Побарувачката порасна уште повеќе. Главната цел е да се преземат мерки кои брзо и долгорочно ќе го решат недостигот од квалификувана работна сила – изјави Валтер Рук, претседател на Стопанската комора на Виена.





