Колони возила чекаат утрово да ја минат македонско-грчката граница на преминот „Богородица“. Спроед надзорот на системот за следење на граничните премини, на Богородица се чека со оглед дека кај нас е продолжен викенд и се патува за Грција, но и од соседните земји, особено од Србија преку Македонија се влегува на грчка територија каде веќе е во полн ек сезоната.

Ова, веќе стана традиција за празничен викенд да се зголемат гужвите на граничните премини. На граничниот премин Богородица, зголемениот проток на возила се чуствуваше уште вчера, но и денеска. Како што може да се види од снимките долги колони од рано наутро веќе се формираат на граничнот премин.
Во живо, состојбата од граничниот премин „Богородица“ може да ја следите тука.





