Бугарскиот европратеник алармира дека Македонија почнала да лобира во Европската унија во пресрет на добивањето на Извештајот за напредокот со реформите.
„Нејзината крајна цел, се разбира, е Скопје да не прави никакви промени во односите со Бугарија и со тоа да игра со Брисел. Работи намерно против Бугарија, само на штета на Бугарија.
Тој во објава на Фејсбук вели дека „и претседателот Пендаровски го потврди постоењето на „црни списоци“ за Бугарите да не се дозволуваат на територијата на Северна Македонија. Инаку, јас и мојот колега Андреј Ковачев од ЕПП сме на овие листи затоа што таму се бориме за правата на Бугарите“.
Според него било време е европските институции јасно да покажат дали ќе поддржат земја во која има забранети луѓе. Затоа што во с. Македонија живеат граѓани кои се прогонувани, репресирани и тепани поради нивното потекло и храброста да се изразат слободно.
„Следува месец, во кој повторно ќе не тераат разни виножита и многу ќе се зборува за човекови права. Сепак, ќе биде огромен срам и тешко лицемерие ако бриселските власти замижуваат пред злосторствата на режимот во Скопје, како што ги затворија очите пред злосторствата на Кремљ“, обвини Џамбаски.







