Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, е одново цел на критики откако го спореди украинското „Слава на Украина“ со нацистички поздрав, пренесува Euronews.
На церемонијата на доделување награди во Загреб, Милановиќ им рече на новинарите дека украинскиот слоган – широко користен по руската интервенција во 2014 година и уште повеќе од минатогодишната целосна инвазија – е навраќање на периодот на убиства на Евреите и Полјаците за време на конфликтите на почетокот на 20 век во источна Европа.
„Ова е скандирање на најрадикалните шовинисти од Западна Украина кои соработуваа со нацистите, кои убија стотици илјади Полјаци, Евреи и кој било друг на кој им дојде до рака“, рече Милановиќ на настанот. „Ова се фактите“, рече Милановиќ.
Поздравот „Слава на Украина“ обично е проследено со одговорот „Слава на хероите“ и е национален поздрав и официјален борбен извик на Вооружените сили на Украина.
Хрватскиот претседател уштѕе додаде дека „Нема разлика меѓу украинскиот поздрав „Слав а на Украина“ и некогашното хрватско “За дом спремни“, пренесдува Индекс.хр







