Папата прифати оставка на бискуп кој силувал калуѓерка

Папата Франциско денеска ја прифати оставката на Франк Мулакал(59) како бискуп во градот Џаландар во северна Индија, кој минатата година беше ослободен од обвиненијата за повеќекратно силување на калуѓерка во период од две години.



Мулакал беше назначен за бискуп во 2013 година, а привремено се повлече од таа функција во 2018 година кога една калуѓерка го обвини за повеќекратно силување, пренесува Catholic news agency

Судот го ослободи во јануари 2022 година, но и истражниот службеник и калуѓерката поднесоа жалба на пресудата.

Индиските медиуми јавуваат дека папата Франциско се сретнал со Мулакал (59) во февруари, но од Ватикан нема информации за таа средба. Агенцијата наведува дека бискупите, според традицијата, поднесуваат оставки кога ќе наполнат 75 години.